Seminarski i Diplomski Rad

 

Семинарска работа по предметот Основи на економија

 

Тема:

НАЕМНИНА И ПАЗАРОТ НА ТРУДОТ

 

 

 

 

 

 

Ментор:                                                              Изработил:

 

 

 

 

www.maturski.org

 

 

 

Содржина

Вовед  ........................................................................................................... 3

1.Побарувачка на труд  ............................................................................... 4

2. Пазарна побарувачка на труд  ................................................................ 6

3. Побарувачка на труд во услови на непотполна конкуренција  ............ 6

4. Понуда на труд  ........................................................................................ 7

4.1. Населението како основа  .................................................................... 8

4.2. Стапката на партиципација на работната   ......................................... 8

4.3. Бројот на саати поминати на работа  .................................................. 9

5. Разлики во платите  ................................................................................. 10

6.Значење на дискриминација  .................................................................. 11

7.Сегментација на пазарот на трудот  ....................................................... 14

Заклучок  ...................................................................................................... 13

Користена литература ................................................................................ 14

 

 

 

 

 

 

 

Вовед

            Ја избравме оваа тема поради тоа што сакавме да дознаеме повеќе за најмувањето на трудот на населението, како се тоа функционира и од што се зависи.

Наемнината меѓу различните категории на работници во една една национална економија се разликуваат, едните се платени повеќе а пак другите пак помалку.

          На пример, платата на еден доктор и еден човек кој обезбедува имот и лица се разликува многу поради тоа што за да се дојде до професијата на докторот е потребно многу повеќе труд, образование и пари, за разлика од лицето кое обебедува. Така и екстремен случај е кога еден врвен спортист, професионалец да заработи за една недела многу повеќе отколку еден универзитетски професор за цела гидина. Разликата во наемнината на трудот помеѓу различни земји е уште подрастична. Просечната плата на еден индустриски работник во САД е речиси 30 % повисока од истата во некоја европска земја.

            Земјите кои што се во транзиција своите работници ги плаѓаат многу помалку за разлика од земјите со развиена пазарна економија.

На проектната задача работевме истражувајќи на различни и гледајќи различни книги, скрипти, интернет страни, итн.
1.Побарувачка на труд

Изведена побарувачка зависии од побарувачката на финални добра кои се произведуваат со  факторите на производство (трудот, капиталот, земјата итн.).

            Пак од друга страна побарувачката на фирмите за определен фактор на производство е определена од неговата маргинална продуктивност.

            Побарувачката на труд во услови на совршена конкуренција ќе ја разгледаме со теоријата на производството.

            Маргиналниот приход на трудот ќе го добиеме кога маргиналниот прозвод на трудот го помножиме со цената на производот, па од тука се гледа дека цената на производот во услови на совршена конкуренција останува непроменета, бидејќи фирмата во такви услови не може да влијае врз цената. Фирмата од тука може само да го зголеми профитот со продавање по постојаните цени и може да ги намали сопствените производни трошоци.

            Во услови на совршена конкуренција побарувачката на дополнителна работна сила се определува кога претпријатието сака да ги максимизира профитот а тоа се случува се додека маргиналниот приход што се добива од дополнителниот работник е поголем од маргиналниот трошок на дополнителното ангажирање на работник. Од сето ова дознавме дека претпријатието вработува нови работници се додека маргиналниот приход на дополнително ангажиран работник се изедначува со маргиналниот трошок т.е. платата на тој работник.

Маргиналниот приход на трудот = цената на трудот = наемнината

          Побарувачката на работна сила за да се комплементира треба да и се додадат детерминантите бројот на работодавачите и цената на останатите ресурси, но најнапред да разгледаме детерминантите.

            Побарувачката за производи што ги произведува определен вед на труд па така со секое зголемување на побарувачката на призводи што ги произведува определен вид труд ќе ја зголеми и побарувачката на истиот вид труд.

            Пример: со доаѓањето на летото расте и побарувачката за сладоледи па така ќе се бара и повеќе специјализиран труд кој ќе ги призведува.

            Соодносот помеѓу маргиналниот приход на трудот и неговиот маргинален трошок, значи дека доколку се зголеми во еден индустриски сектор побарувачката на труд заради усовршување на технологијата ќе се зголеми и ефектот од секој работник  тоа значи дека ќе порасне маргиналниот приход на трудот со што работодавачите ќе бидат стимулирани да вработуваат нови работници.

            Сега ќе ги разгледаме дополнителните детерминанти на побарувачката на трудот:

Ø   Бројот на продавачите, значи зголемување на бројот на претпријатијата кои произведуваат определен вид на производи ја зголемува побарувачката за работната сила класифицирана за производство на некој вид проивод,

Ø   Цената на другите ресурси, ако се зголеми цената на инпутите ќе се намали побарувачката на работна сила, односно трудот и капиталот се супститути односно дека ист еден производ може да се произведе со многу повеќе капитал а малку работници, или обратно малку капитал а повеќе работници. Доколку се дојде до значителен пораст на цената на капиталот на работодавачите ќе им се исплати да го субституираат , заменуваат скапиот капитал со поевтиниот труд и побарувачката на труд значително ќе се зголеми.

 

 

2. Пазарна побарувачка на труд

            Тука станува збор за побарувачката на трудот на целиот пазар, сето тоа се собива со собирање на, агрегирање, на поединечни побарувачи на труд на секое претпријатие. Ова ваква постапка на агрегирање занемарува еден проблем и тоа:она што се покажало како точно на ниво на едно претпријатие, не е точно од аспект на другите претпријатија. Во услови кога на еден пазар многу претпријатијата произведуваат ист производ и меѓусебно се конкурираат, или пак кога платите на еден пазар на работниците опаднале, тогаш секое од претпријатието ќе сака да ги зголеми аутпутите, бројот на производите со вработување нови работници. Но ова ако го направи едно претпријатие нема да предизвика промени зошто претпријатието е многу мал дел од пазарот, но доколку ова го направат сите претпријатија ќе дојде до зголемена понуда и ќе се намали цената на стоката и ќе предизвика намалување на маргиналниот приход на трудот.

 

            3. Побарувачка на труд во услови на непотполна конкуренција

            Претпријатијата кои не работат во совршената конкуренција стопанисуваат во непотполна конкуренција при монополот, олигополот или многудиференцирани продавачи. Тие претпријатија имаат голема улога во вкупното производство и понуда во една индустрија и врз основа на тоа може да влијае врз цената на призводите во таа индустрија, кој не е случај кај претпријатијата од совршена конкуренција. Правилата кои важат во совршена конкуренција не важат во непотполна конкуренција.

Претпријатија вработуваат нови работници, го зголемуваат својот аутпут, односно производството, во мера која е доволна да влијае врз вкупната понуда на производот, при што предизвикува намалување на цената на производот.

Маргиналниот приход се добива со множење на маргиналниот проивод со смалената цена, и таа се однесува на доплнително производство со ангажирање на последниот работник, на сите останати производи кои не би се продале по повисоки цени.

 

Маргиналниот приход на трудот опаѓа во две основи:

Ø  Поради дејство на законот за опаѓачки приноси,

Ø  Поради намалување на цената со пораст на проиводството и продажбите на фирмите кои имаат моќ да влијаат врз цените,

 

За претпријатијата кои работат во услови на непотполна конкуренција кои имаат монополска моќ, по профитабилно е да има помало проиводство а со тоа и да вработува помалку работници, па од тука произлегува склоноста на претпријатијата со монополска моќ за ограничување на производството.

 

4. Понуда на труд

Во понудата на труд ни се покажува бројот на часовите што ги има поминато работоспособно население на работните места од кои добиваат плата.

Фактори кои влијаат врз понудата на работна сила се:

Ø  Населението,

Ø  Стапката на партиципација на работната сила,

Ø  Бројот на саатите поминати на работа,

 

 

4.1. Населението како основа

Бројот на работната сила на една земја се регрутира со вкупното население. Бројот на населението е определена од стапката на природниот прираст на населението и од миграционите движења.

Стаплата на природниот прираст на населението е детерминирана од стапката на раѓање(наталитет), и стапката на умирање на населението(морталитет), односно од разликата меѓу вишокот на раѓање над умирањата на населението. Врз стапката на наталитетот влијаат повеќе фактори како: биолошки, економски, социјални, религиозни итн. Од кои зависи однесувањето на населението. Како најбитни фактори се издвојуваат економско – социјални фактори и тоа: степенот на економска развиеност и степенот на урбанизација и индустријализација, општествено – економска положба на жената, степенот на општествено образование и посебно образование на жената, стапката на вработеност на женското население, контрола на раѓањето итн.

Миграциите претставува движење на населението од една или во друга емја или пак од еден во друг регион во иста држава, сето тоа има големо влијание вр понудата на работна сила на одредени пазари.

4.2. Стапката на партиципација на работната сила – активното население

Активното население го сочинуваат лицата во работна возраст кои се вработени и лицата во работна возраст кои се без работа, но бараат работа.

Стапката на партиципацијата се пресметува кога вкупното активно население се ставаат во сооднос, се подели со цивилното неинституционализирано население. Цивилно неинституционализирано население го опфаќа населението во работна возраст (над 16 години) намалено за вработените во армијата и а лицата казнени и ментални институции и во старечки домови.

Врз стапката на партиципацијата на работната сила влијаат голем број фактори како од економска така и од неекономска природа. Долгорочното доаѓање до определено намалување на стапката на партиципација на постарото машко население, што е детерминирано од порастот на реалните плати, зголемувањето на социјалната помош, помошта на хендикепираните лица исл.

Истовремено доаѓа до голем пораст на стапката на партиципација на женското население што исто така е детерминирано од дејството на поголем број фактори: пораст на реалните плати на жените, зголемување на опфатот на женското население со сите степени на образование, опаѓање на стапката на наталитетот, менување на ставовите и погледите за улога на жената во семејството и општеството, зголемување бројот на разводите итн. Овие тенденции водат кон конвергенција, приближување на стапката на партиципација на женската и машката популација.

4.3. Бројот на саати поминати на работа

За да дознаеме како ќе реагира населението на промената на наемнините, треба да ги анализираме следниве категории:

Ø  Ефект на субституција, е кога е понудена поголема плата по саат работа и која мами да работите повеќе саати, бидејќи сега секој саат подобро е платен. Секј саат слободно време постана поскап и затоа сте во искушение со дополнителна работа да го замените слободното време.

Ø  Ефект на доход на паарот на труд е против ефектот на субституција. Со поголема плата вашиот доход е поголем. Со поголем доход ќе сакаме да купиме повеќе добра и услуги и исто така ќе сакаме повеќе слободно време. Може да си доволиме по една недела слободно време во зима и лето, или пак да појдеме порано во пензија отколку што инаку тоа би го направиле,

 

Кога преовладува ефектот на супституција кај кога растат наемнините те тера слободното време да го субституирате, да го замените со труд, со работа, понудата на труд расте, а кога преовладува ефектот на доход, зголемените плати се проследени со смалена понуда на труд.

 

5. Разлики во платите

Работниците во една иста земја различно се платени а тоа во економската литература се изразува преку следните фактори: разлики во квалитетот на трудот, компензирани разлики во наемнината, елементи на рента кај наемнините и неконкурентни групи на паарот на трудот.

Ø  Разлика во квалитетот на трудот, што знаеме дека поединците помеѓу себе битно се разликуваат по своите физички и умствени способности, по својата интелигенција и креативност, во својот придонес во работењето исл. Сите овие разлики произлегуваат од генетски способности на луѓето и условите под кои тие растеле, се воспитувале и формирале како личност, но како најбитен фактор се издвојува квалитетот и степенот на образование, кое се понава по изреката вложување во човечки капитал.

Ø  Компензирачки разлики во наемнините, е кога се борува за не толку атрактивни работни места бидејќи се ризик за здравјето, како на пр: работа со отровни хемикалии, работа со високи или ниски температури, чистење и бојадисување на високи згради итн. На овие места работниците добиваат повеѓе плата поради нивниот ризик.

Ø  Елементи на рента кај наемнините, во платите на овие луѓе постојат елементи на чиста економска рента – асоцијација со висока рента. Тука спаѓаат вонредно талентирани, способни и славни личности како фудбалери, тенисери, уметници, па и политичари и сл.

Ø  Неконкурентни групи на пазарот на трудот, тука спаѓаат лица кои не се конкурентни, кои поседуваат специфичен фонд на знаење како што се некои врвни арфитекти, хирурзи итн.

 

6.Значење на дискриминација

Дискриминација на пазарот на трудот постои кога работниците различно се плаќаат не поради тоа што постигнуваат различност во производство на трудот, туку затоа што се мажи или жени, бели или црни или пак припаѓаат на различни религии.

Во литературите може да се најдат неколку дискриминации  и тоа:

Ø  Дискриминација во просечните саатнини помеѓу мажите и жените, бели и црнци, или припадници на малцински групи итн.

Ø  Дискриминација при вработувањето кога црнците и жените нерамномерно го поднесуваат товарот во однос на белата нација и мажите и обратно што значи дека тие потешко наоѓаат работа.

Ø  Дискриминација спрема знаењето кога се оневоможува да извршуваат одредени работи иако за тоа имаат квалификации и знаење,

Ø  Дискриминација во однос на вложување во човечкиот капитал во смисла што им се скратува можноста во доменот на формалното образование и тренинг на работа.

 

7.Сегментација на пазарот на трудот

Тука постојат примарни и секундарни пазари на трудот:

Ø  Примарниот пазар на трудот се карактеризира со стабилност и сигурност на работното место, повисоки квалификации и повисока наемнина на вработените и сл.

Ø  Секундарен пазар на трудот се карактеризира со тоа што на нив работат работници без квалификации, со ниски наемнини, не заштитени во поглед на нивните права, исл. На овие пазари често работат жени, деца, црнци, итн.


Заклучок

          Маргиналниот приход на трудот ќе го добиеме кога маргиналниот прозвод на трудот го помножиме со цената на производот, па од тука се гледа дека цената на производот во услови на совршена конкуренција останува непроменета, бидејќи фирмата во такви услови не може да влијае врз цената.

Маргиналниот приход во непотполна конкуренција се добива со множење на маргиналниот проивод со смалената цена, и таа се однесува на доплнително производство со ангажирање на последниот работник, на сите останати производи кои не би се продале по повисоки цени.

Побарувачката на трудот на целиот пазар се добива со собирање на, агрегирање, на поединечни побарувачи на труд на секое претпријатие.

Во понудата на труд ни се покажува бројот на часовите што ги има поминато работоспособно население на работните места од кои добиваат плата.

Дискриминација на пазарот на трудот постои кога работниците различно се плаќаат не поради тоа што постигнуваат различност во производство на трудот, туку затоа што се мажи или жени, бели или црни или пак припаѓаат на различни религии.

 

 

 

 

 

 

Користена литература

Таки Фити / Економија (основи на економија) / Економски факултет – Скопје / Скопје 2008 год./ 189 -210 стр.

Интернет: wikipedia.com

 

 

www.maturski.org

 

Gotovi seminarski, maturski, maturalni i diplomski radovi iz raznih oblasti, lektire , puškice, tutorijali, referati. www.maturski.org  je specijalizovan tim za usluge visokokvalitetnog pisanja, istraživanja i obradu teksta za kompletan region Balkana.

 

Posetite nas na sajtovima ispod:

http://www.maturski.org

http://www.maturski.net

http://www.seminarskirad.org

http://www.seminarskirad.info

http://www.seminarskirad.biz

http://www.maturski.org

http://www.magistarski.com

http://www.essaysx.com

http://www.facebook.com/DiplomskiRadovi

 Takođe, na sajtu pronađite i tutorijale, referate, primere radova, prepričane lektire, vesti, čitaonicu... Na ovom sajtu ste u prilici pronaći preko 10000 radova iz raznih oblasti: ekonomija (menadzment, marketing,  finansija, elektronskog poslovanja, internet tehnologija, biznis planovi, makroekonomija, mikroekonomija,  preduzetnistvo, upravljanje ljudskim resursima, ...), informatika (internet, informacione tehnologije, softver,  hardver, operativni sistemi, baze podataka, programiranje, informacioni sistemi, računarske mreže, ...),  biologija i ekologija, filozofija, istorija, geografija, fizika, hemija, književnost, matematika, likovno,  psihologija, sociologija, ostali predmeti (politika, saobracaj, mašinstvo, sport, muzika, arhitektura, pravo,  ustav, medicina, engleski jezik, ...).

 

Uspostavljanjem ovog projekta,  zadovoljila se i veoma prisutna potreba za specijalizovanim timom, koji će na studente i omladinu pravovremeno i adekvatno delovati u edukativnom i pozitivno usmeravajućem pravcu, ali i predstavljati efikasnu podršku u pisanju sopstvenih radova.

 

U cilju pružanja što kvalitetnijeg sadržaja radova, okupljen je odabrani tim,  sastavljen od iskusnih stručnjaka iz raličitih oblasti,  čiji je cilj da autorskim pristupom i prepoznatljivim stilom izrađuju i istražuju najrazličitije oblasti i afirmišu slučajeve iz prakse.

 

Za sada posedujemo gotove radove iz oblasti prava, ekonomije, ekonomike preduzeća, javnih finansija, spoljnotrgovinskog poslovanja, informatike, programiranja, matematike, fizike, hemije, biologije, ekologije, menadžmenta, astronomije, carine, špedicije, poreskog sistema, javne uprave, računovodstva...., a uskoro ćemo se proširiti i na ostale oblasti. Inače, izrada maturskih, seminarskih, diplomskih radova po želji je naša primarna opcija. Nakon što aplicirate za određeni rad, dobićete odgovor najkasnije za 24h.

 

 

 

maturski.org Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.maturski.org, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!